ВИДЕО: Јокиќ го запиша 50 „дабл-дабл“, Дончиќ во сенка на Џулијус Рендл!

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Тимот на Њујорк на гостувањето го надигра Далас со 117:109 и дојде до 30 победа во НБА сезоната, а беше предводен од Џулијус Рендл. Играчот на Никси за 41 минута на паркетот забележа 44 поени, 10 скока и седум асистенции, а значаен придонес имаше и Ар Џеј Берет со 24 поени и осум скока.

На спротивната страна во редовите на Маверикси доминираше Кристапс Порзингис со 23 поени и 12 скока, а Лука Дончиќ мечот го заврши со 22 поени, 19 асистенции и осум скока.

Денвер убедливо го совлада Хјустон со 128:99 на домашен терен, а српскиот центар Никола Јокиќ ја продолжи сериата на одлични игри. Го запиша и 50 „дабл-дабл“ учинок во сезоната и уште еднаш докажа зошто конкурира за признанието најкорисен играч (МВП).

Постигна 29 поени, со шут од игра 10/12, додаде 16 скока и седум асистенции. Кај Рокетси прв стрелец беше Канаѓанецот Олиник со 23 поени (шест скока).

НБА лига, резултати –

Детроит – Оклахома 110:104
Филаделфија – ЛА Клиперс 106:103
Вашингтон – Њу Орлеанс 117:115
Бруклин – Шарлот 130:115
Торонто – Орландо 113:102
Чикаго – Мемфис 115:126
Хјустон – Денвер 99:128
Минесота – Мајами 119:111
Сан Антонио – Портланд 106:107
Далас – Њујорк 109:117

Табела, Источна конференција –
1.Филаделфија Сиксерс 39-17
2.Бруклин Нетс 38-18
3.Милвоки Бакс 35-20

Табела, Западна конференција –
1.Јута Џез 42-14
2.Феникс Санс 40-15
3.Лос Анџелес Клиперс 39-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот