ВИДЕО | Излезе трејлерот за филмот за животот на Мерилин Монро: Луѓето се воодушевени!

Ана де Армас
Ана де Армас во улога на Мерилин Монро / Фото: Принтскрин/ИМДБ

„Нетфликс“ штотуку го објави првиот трејлер од долгоочекуваниот биографски филм за Мерилин Монро насловен „Blonde“.

Познатата актерка ја отелотвори Ана де Армас, а филмот е базиран на истоимениот бестселер на Џојс Керол Оутс, кој доживеа голем успех.

Приказната го следи животот на Мерилин додека сè уште се викала Норма Џин, како и нејзиниот подем и слава и романтичните заплетки.

По објавувањето на трејлерот, публиката, судејќи според коментарите е воодушевена од прикажаното.

„Едвај чекам“, „Неверојатно колку личи на Мерилин“, „Мислам дека ова ќе биде одличен филм“, се некои од коментарите.

Филмот „Blonde“ треба да се појави на „Нетфликс“ оваа есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот