ВИДЕО: Излезе првиот тизер на документарниот филм за Тина Тарнер

Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин

Новиот документарец ќе го прикаже животот и кариерата на легендарната пејачка Тина Тарнер. Филмот едноставно наречен „TINA“, премиерно ќе се прикаже на „HBO“ и „HBO Max“ на 27 март.

Јас сум девојката од полето со памук, кое успеа да се извлече над уништувањето и грешките“, објаснува Тарнер во новиот трејлер за документарниот филм.

Родена како Ана Меј Булок, Тарнер ја започна својата кариера уште како тинејџерка, настапувајќи во ноќни клубови кон крајот на 50-тите години на минатиот век.

Ѕвездата се прослави меѓу 60-тите и раните 70-ти години со хитовите како „A Fool in Love“, „It’s Gonna Work Out Fine“, „Proud Mary“ и „River Deep – Mountain High“ објавени во соработка со нејзиниот тогашен сопруг Ајк Тарнер.

Иако Тарнер доживеа „затишје“ во доцните 70-ти, таа се врати посилна од кога било со соло албумот „LP Private Dancer“ од 1984 година со кој доживеа неверојатен успех.

youtube
Принтскрин / Youtube

Честопати нарекуваната „Кралица на рокенролот“ Тарнер, со години ги полнеше насловните страници на медиумите кои пишуваа за секој нејзин подем и пад.

Биографскиот филм за нејзиниот живот „What’s Love Got to Do With It“, во кој ја глуми актерката Ангела Басет, беше објавен во 1993 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

Басет е една од многуте значајни ѕвезди кои ќе се појават во претстојниот филм „TINA“, обезбедувајќи интервјуа за животот на легендарната пејачка. Се појавуваат и Опра Винфри, поранешниот водител Курт Лодер, Катори Хол и сегашниот сопругот на Тарнер, Ервин Бах.

Во новиот филм ќе бидат прикажани досега невидени архивски снимки, ретки аудио материјали и лични фотографии и интервјуа со ѕвездата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот