ВИДЕО | Италијанските рокери објавија нов експлицитен видео спот: Ова е чиста уметност

maneskin
Фото: Принтскрин / Instagram

Откако неодамна го најавија видео спотот за песната „I Wanna be Your Slave“, годинешните победници на „Евровизија“ го oстварија своето ветување.

Во видеото за песната „I Wanna Be Your Slave“, чија аудио верзија собра над 23 милиони прегледи на „Јутјуб“, членовите на групата „Maneskin“ позираат во долна облека и садо-мазо естетика, танцуваат и се бакнуваат. Во еден дел од видеото може да се забележи сцена на страствен бакнеж меѓу фронтменот Дамиано Давид.

Ова е и рај и пекол“, „Ќе го срушите интернетот“, „Ова видео е чиста уметност“, беа само дел од бројните коментари под видео спотот.

Песната веќе е на врвот на музичките топ листи во неколку земји низ Европа, а за само 19 часа од објавувањето, видео спотот на „Јутјуб“ има 5,355,994 прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот