ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Зоран Иванов: Во партискиот судир во ДУИ мора да има победник и поразен

Зоран Иванов - новинар / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Заканите од потенцијални бомби во средните училишта се сериозна закана за безбедноста на учениците и оваа состојба која трае долго време се заканува да ги влоши образовниот процес однесувањето на децата, на родителите и на наставниците. Генерално се јавува стравот кај сите субјекти во образовниот процес и општествена фрустрација кај населението, а при тоа надлежните немаат соодветна постапка како да се справат со оваа таканаречена специјална војна.

-Сметам дека светот не е безбеден и тоа не е само појава која се случува во нашава земја, конкретно во средните училишта. Ова е специјална војна и тоа не работа на поединец, туку добра организација во која може да се забележат системски и сестематски постапки. Не можам да кажам која држава ги прави, а може да биде Русија, Иран или некоја трета. Меѓутоа, можеби во моментот тоа не е најважното прашање во споредба со констатцијата дека страдаат децата, а поради нивниот страв и сите други. Според мене, кога државата е во војна треба да бара рационални решенија, како што е последната мерка, иако малку доцни. Општеството треба да биде солидарно и да процени кои решенија се рационални, наспроти барањето виновници. Наставниот кадар треба да даде одредени предлози и препораки и сепак да се грижат за децата, од една страна и не може да биде решение само да се прекине наставата и да заминат дома, од друга страна. Само како предлог за да се намали стравот на децата, наставниците можат да го исполнат тоа време со други активности, како што е посета на музеј, настава во други објекти и друго. Ова го истакна новинарот Зоран Иванов во емисијата „Утрински печат“ на Слободна ТВ.

Владата изврши промена на некои министри една година пред редовни избори што не е вообичаена практика, а при тоа тоа го прави за да направи посилно мнозинствово Собранието.

-Измени на министри една година пред избори не е добро. Меѓутоа, таа промена е направена само да се добие мнозинство како поддршка на Владата, а не со цел да се очекува мнозинство за уставните измени. Со радикализација на состојбите во ДУИ, иницирана од таканаречената „огнена група“, може да биде забележана одредена променета вербална реторика која би се протолкувала и како навреда спрема неприкосновениот лидер и авторитет на партијата Али Ахмети. Со влегување на партијата Алијанса во Владата е обезбедено мнозинство до избори. Очекувам иницираниот судир да ескалира и двете страни нема да можат да се вратат на претходните позиции, односно од овој судир мора да има победник и поразен- истакна новинарот Иванов.

Целиот разговор со Зоран Иванов погледнете го во видеото:

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот