ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Вук Ускоковиќ, новинар: Српскиот народ кон Македонците гледа како на свои браќа, односите со ЕУ се како стап и морков

Вук Ускоковиќ, Спрски новинар/Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Едноставно кажано односите меѓу Србија и Македонија се добри и поради тоа на сите им е драго. Српскиот народ кон Македонците гледа како на свои браќа. Состојбата која сите ја паметиме за време на пандемијата со вакцините ни беше уште подрага кога како држава помогнавме со донација на вакцини против Ковид-19. Тоа беше само показател дека вистински пријател е оној кога ќе ти се најде кога ти е тешко. Затоа во тој контекст сакам да истакнам дека Македонците секогаш може да сметаат на српската помош. Тоа е и мое мислење но и мислењето на обичниот народ во Србија. Ова меѓудругото го истакна долгогодишниот српски новинар Вук Ускоковиќ при гостувањето во емисијата „Утрински Печат“.

Ускоковиќ коментирајќи го потегот на Српската Православна Црква СПЦ кон Македонската Православна Црква – ОА за признавањето на автокефалноста, вели дека тоа е само потврда на долгогодишната работа на дипломатија меѓу двете земји и цркви.

– Мое лично мислење е дека призанвањето на МПЦ од страна на СПЦ е добра работа. Во јавноста таа информација беше дочекана со изненадувње. Не во смисла дека односите меѓу двете цркви ќе биде затегната туку во смисла дека постоеше извесна дистанца особено во јавноста. Па така кога изелзе веста за помирувањето меѓу двете цркви, сите на некој начин беа пријатно изненадени во насока дека може да се продолжи понатаму во градењето на добрите односи. Ова е само уште еден добар показател за способноста на двете земји за тоа дека нешто што било камен на сопнување меѓу двете страни се надминало на добар начин. Сите заслуги за овој чекор според мене треба одат на сметка на дипломатиите на двете цркви – изјави Ускоковиќ.

Поранешниот новинар во српската национална телевизија РТС, Ускоковиќ вели дека тешко е да се оцени дали медиумите во Србија се целосно независни.

– Денеска ниедна држава во светот нема тотално независни медиуми. Често може да се слушне дека медиумите во Србија барем поголемиот дел од нив не се слободни. Дека тие се под контрола на државата, дека се под странско влијане, независно дали тоа е руско или пак американско. Меѓутоа според мене за оваа проблематика се гледа премногу еднострано. За разлика од поголемиот дел на земјите во Европа каде руските медиуми се цензурирани или пак забранети во целост, српскиот народ има можност да се информира од повеќе страни. Овдека сакам да истакнам дека не станува збор за тоа колку и како се руските медиуми присутни во домашниот етер, туку за можноста просечниот граѓанин сам да избере од каде и како ќе се информира. Тоа според мене е добра работа бидејќи секогаш е добро за една демократија доколку за некоја информација се слушаат размислувања и пишувања од повеќе страни – посочи Ускоковиќ.

Српскиот новинар се осврна и на политиките на ЕУ кон Србија но и за прашањето околу Косово.

– Луѓето во Србија долги низа години се надеваа дека Србија во некој момент ќе се прикчучи на ЕУ. Поголемиот дел од народот делат европски вредности и тоа беше целта за која помалку или повеќе сите се согласуваат. Меѓутоа како што минуваа годините, се се претвори во онаа добро позната игра, народски кажана како играта со стапот и морковот. ЕУ секогаш со стап не критикуваше дека треба да бидеме добри а со морковот ни велеа дека еден дек ќе влеземе во Европската унија. Меѓутоа како што времето минуваше, морковот беше се подалеку а стапот работеше беспрекорно – вели Ускоковиќ.

Косовското прашање за Ускоковиќ е проблем кој може да се пролонгира уште долги низа години, иако последните сигнали од Белград го говорат спротивното.

– Кој би знаел во овој момент како би се решило косовското прашање. Се надевам тоа нема да се реши на принципот со сечење на Гордиевиот јазол. Тука е потребно многу трпение и мудрост. Претседателот Александар Вучиќ умешно ја балансира ситуацијата. На предизвиците секогаш се одговара со смиреност. Нема избрзени реакции и не промислени чекори. Ставот на Србија за сите проблеми кои и се случуваат е таа да ги решава смирено и промислено. За тоа сведочат и чекорите кои се превземаат по сите провокации кои доаѓаат од Приштина. Очекувам косовското прашање да се реши, но кога ќе биде тоа тешко е да се прогнозира иако последните сигнали од Белград говорат дека може наскоро да имаме некакво помрднување од мртва точка – заклучи Ускоковиќ.

Српскиот новинар зборуваше и за Опен Балкан иницијативата, економските и културните релации меѓу двете земји но и за случувањата во Украина и Русија.

Повеќе од разговорот со новинарот Ускоковиќ можете да го погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот