ВИДЕО ИНТЕРВЈУ со Николче Бабовски: Досега уништени 87.000 килограми храна, инспекторите ги проверуваат ладилниците

Николче Бабовски - директор на АХВ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Во време на високи цени на електричната енергија, кога сѐ повеќе граѓани јавно го искажуваат својот страв за тоа дали храната се чува во соодветни услови, од Агенцијата за храна и ветерина велат дека се свесни за потенцијалната опасност, поради што инспекторите добиле налог за контроли на ладниот систем за чување на храна.

– Досега, од страна на граѓаните имало две пријави – едната се покажала како неоснована, за другиот случај се проверува во моментов – вели директорот на Агенцијата за храна и ветерина, Николче Бабовски.

Тој појаснува дека покрај високите влезни трошоци за храна, контролите не покажале поголема количина на небезбедни, или несоодбетно етикетирана храна. Во периодот за 8 месеци уништени се 87.000 килограми небезбедна храна и има 6 кривични пријави.

– Агенцијата секојдневно е на терен, се врши редовен инспекциски надзор, има вонредни контроли, како и контроли по пријави. Од почетокот на оваа година до август имаме 30.105 инспекциски надзори од сите видови, и притоа имаме констатирано одредени недоследности. За што се издадени 2.806 решенија против повеќе субјекти, од кои 55 се прекршочни пријави, 6 се кривини пријави, другите предмети се затвораат со тоа што им се помага на граѓните да се заштитат нивните права, или да се едуцираат економските оператори – вели во разговорот за „Слободен Печат“ првиот човек на Агенцијата за храна и ветерина.

Како што објаснува тој инспекциските служби во изминатитот период уништиле 87.000 килограми небезбедна храна, од кои 73.920 килограми е храна од неживотинско потекло и 9.872 килограми е храна која е од животинско потекло – додава Бабовски, ков во исто време ги повикува граѓаните да внимаваат каква храна купуваат, каде се чува и дали е запазен рокот за употреба.

Во однос на свинската чума, Бабовски ги повика сточарите да се однесуваат одговорно. Тој рече дека од 150.000 свињи досега со мерките против свинската чума опфатени се околу 3.300 свињи.

– Ако со 2 проценти уништени свињи, се спасат 98 отсто таквиот чекор вреди за напорот – посочува Бабовски.

Целиот разговор може да го погледнете во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот