ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Мишко Иванов: Некогаш ќе мора да дојде до сложување меѓу партиите
„Не се проблем националистичките моменти – туку наративот кој циркулира низ државата. Не е битно кој ќе биде премиер туку дали си човек или не си. Никој не ги ни споменува уставните измени, а секако кој и да дојде на власт тоа е тема која што не може да се избегне. Мора некогаш да постои сложување помеѓу партиите не може да одиме во недоглед – мора да се сложат и да постои некоја точка каде што ќе се помират‘’ – рече Мишко Иванов во утринската програма „Слободен Печат“ на Слободна ТВ.
Препорачано
„Во пред изборниот тек како по навика очекува лажни вести и афери и повторување на истата предизборна кампања. Она што е карактеристично е тоа што ќе се случува со изборите е дека од страна на СДСМ Пендаровски не ја исклучи можноста за кандидатура а се уште се чека ВМРО дали ќе учестува во Прижинската Влада’’ – рече Иванов.
Иванов додаде дека проблемот во денешно време не се регулираните медиуми туку интернет просторот кадешто кој може да објави и каже што сака без да има некоја законска одговорност или обврска кон тоа што го кажува или споделува со пошироката јавност.
Целото интервју погледнете го во продолжение:


