ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Миле Талески: Да не им одмагаме на институциите со ловење политички поени

Миле Талески/ Фото Слободен печат

Државата е во постојана комуникација со НАТО и останатите стратешки партнери за тоа како да се справиме со лажните дојави на бомби, вели претседателот на Собраниската комисија за безбедност и одбрана, Миле Талески во разговорот за „Утрински печат“, објаснувајќи оти класифицираните информации што ги понудила разузнавачко-безбедносната заедница покажуваат дека МВР презело сериозни мерки и активности што значат спречување и заштита на институциите од овие лажни дојави.

„МВР, МО и МНР во соработка со стратешките партнери САД и НАТО добиваат информации како полесно да се справиме за да добиеме искуство како нивните посериозни безбедносни системи функционираат“ изјави Талески. Критикувајќи ја опозицијата во Парламентот дека со вчерашното напуштање на затворената комисиска седница на која биле понудени сознанија што се државна тајна само книжела дневно политички поени, тој ги повика повторно да се вклучат во институциите на системот.

„Ги повикувам да се вклучат во институциите од каде земаат плата, а не да шират паника и страв и да презентираат лажни вести, како и да креваат фама во медиумите“ вели Талески.

Тој вели дека ништо не се криело на седницата, за оној што сакал да прочита, зашто се било според деловникот, законот и Уставот.

Првиот човек на ресорната собраниска комисија упатува дека со дојавите за бомбите не треба да се детектира политички проблем, туку проблем на општеството, кое треба да се преиспита и за тоа како се случува млади деца да се актери во креирање лажни дојави и што ги мотивирало за таков чекор, кои им ја запечатува иднината со тоа што се сторители на тешко кривично дело, за кое следи затворска казна од 10 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот