ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Методи Хаџи-Јанев: Западните тенкови се незначајни во однос на тоа што го поседува Русија

Методи Хаџи Јанев - професор / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Самата испорака на западни тенкови на Украина ако ја гледаме изолирано или во бројќи генерално не значи ништо дури може да предизвика и главоболка за украинските оперативци од причина што тоа сега ќе создаде логистички хорор за Украинците. Тоа е така бидејќи ќе биде тешко да се синхронизираат тенковите на боиштето со останатите родови на армијата, нивното одржување но и воените операции во Украина, вели универзитетскиот професор Методи Хаџи-Јанев во гостувањето на емисијата „Утрински печат“.

– Украинците не добиваат само тенкови туку добиваат над стотина други оклопни борбени возила. Тоа се две оперативни ударни бригади кои ќе можат да нанесат удар на руските сили. Според моите сознанија станува збор за голема бројка на тенкови, меѓу кои се и американските оклопни возила Бредли, британските борбени тенкови „Челинџер 2 и тенкот Абрамс. Иако би се фокусирал на разорната моќ на американските тенкови сепак тие се незначителни во однос на бројките што располата другата страна. Русија пред почетокот на војната според одредени податоци имаше 10.000 оперативни тенкови. Сепак, сосема друго прашање е што од тие оперативни тенкови може да се мери со оваа западна донација – истакна професорот Хаџи Јанев, појаснувајќи дека не секогаш бројноста на непријателот има ефективна завршница.

– Не е само да имате капацитет на огнена моќ туку како ќе го искористите. Видовме дека Русите имаа катастрофално искористување на борбената моќ на почетокот од војната. Што ќе значи ова за Украина народски кажано може да се каже дека сепак ќе допринесе до зголемување на ударната моќ на Киев на теренот, маневарот на силите а со тоа би требало да се подигнат капацитетите на Украина за евентуална офанзива која би требало да ја реализира на пролет – тврди Хаџи Јанев.

Хаџи Јанев во исто време коментираше дека донацијата на западните тенкови и оклопни возила за украинските сили во исто време може да направи проблеми во однос на нивната логистика и самото нивно одружување на фронтот.

– Друг проблем кој може да го предизвикаат американските тенкови во Украина е дали тие ќе успеат да го наметнат борбениот ритам и таквото ниво на војување на терен. Русија досега на неколку пати успеа да се врати на боиштата и да наметне сопствен начин на војување и тоа преку масовноста, преку масовни напади без прецизно бомбардирање и нападите врз критичната инфраструктура – објаснува професорот Хаџи Јанев.

Сето тоа според него наговестува дека ќе престојат нови сериозни и бројни напади од двете страни во Украина.

– Со овој чекор на Вашингтон но и другите сојузници преку давање на тенкови на Украина, Русија ќе смета дека тие се легитимна цел. Согласно меѓународното воено право секој оној кој што дава логистика и борбена поддршка е легитимна цел и може да се смета како непријателска страна во судирот. Но, едно е да постои потенција за тоа, друго е дали се има намера да се стори нешто во таа насока и сосема трето е дали Русија има капацитет да превземе нешто околу тоа – вели професорот Хаџи Јанев.

Хаџи Јанев при гостувањето зборуваше и за набавката на македонската армија на турските хаубици од среден дострел „Боран“, за тоа какви ќе бидат идните односи меѓу НАТО и Русија но и за тоа како требаат домашните институции да реагираат на провокациите на Европскиот пратеник Ангел Џамбаски врз Македонија и колку неговата најава за атентат врз претседателот Стево Пендаровски може да се гледа како безбедносен проблем.

Повеќе од разговорот со професорот Методи Хаџи-Јанев можете да го погледнете во видеото во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот