ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Методи Хаџи-Јанев: На Европа и` е потребна политика на единство, во спротивно и` престои поделба

Методи Хаџи-Јанев/ Фото Слободен печат

Моето учеството на „Џамбо безбедносна конференција“ –(Jumbo security conference) во Рим, Италија беше со цел да се разговара на повеќе актуелни теми од безбедносниот сектор во ЕУ, каде во исто време се ставаи акцент на примената на правдата, европска заедничка безбедност во политиката но и отпорноста на странското влијание во еврозоната. Ова меѓудругото го изјави Проф. Методи Хаџи-Јанев во емисијата „Утрински печат“ на Слобода ТВ, укажувајќи дека на истата конференција во Италија било заклучено дека на Европа и ѐ потребна политика на единство, во спротива и престои поделба.

 – На панел дискусијата се акцентираше дека на Европа повеќе од било кога и е потребна политиката на безбедност, ако сака да остане клучен фактор во геополитиката. Сите држави имаат свои концепти и визии по однос на миграциите, енергетиката и сајбер безбедноста, но ако Унијата сака да го задржи овој формат, тогаш ќе мора да изнајде заеднички јазик на разбирање и делување – истакна Хаџи Јанев.

Универзитетскиот професор појасни дека Унијата е пред голем предизвик, потенцирајќи дека екстремизмот но и радикализмот низ еврозоната е во пораст.

–  Екстремизмот, радикализмот, хибридните закани и нелегалната миграција беа главните точки на дискусија. Тоа говори дека економската и социолошката стабилност се веќе исто така разнишени, откако безбедноста некако отиде во заборав низ годините во минатото а случувањата во Украина дополнително ги продлабочи овие проблеми. Сето тоа наговестува дека на еврозоната како никогаш до сега и е неопходно редифинирање на внатрешните политики со цел за надминување на безбедносните предизвици кои таа ги има – истакна Хаџи – Јанев.

Повеќе од разговорот со проф. Хаџи – Јанев погледнете го во видеото во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот