ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Методи Хаџи Јанев: Членство во НАТО нуди предности за ремонт на хеликоптерите Ми-8Т

Методи Хаџи Јанев - професор / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Испраќањето на македонските два хеликоптери Ми-8Т коишто се од руско потекло на ремонт и сервисирање во Чешка од страна на властите е одговорен чин. Одржувањето на овие летала и сериозната техничка опрема не смее да трпи импровизации, па оттаму е за поздравување оваа одлука со која впрочем е и бенефит од нашето ченството во НАТО, истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев при гостувањето во емисијата „Утрински печат“.

– Овие летала имаат век на траење и часови коишто мора да се почитуваат. Но она што е најважно и мора да се нагласи а тоа е дека ова всушност преставува и предноста од нашето членство во НАТО а тоа е дека во услови кога Русија ги пресече каналите за лиценцирано одржување на сите борбени системи и техники од советско потекло поради случувањата во Украина, друга земја тоа да го обави професионално и соодветно – истакна Хаџи Јанев и додаде дека многу е важно да во вакви услови имаме држави кои ни излегуваат во пресрет на нашите потреби.

Професорот Хаџи Јанев во емисијата ги искоментира и последните случувања во соседна Србија и чекорот на српската жандармерија со кој се спречи десничари да влезат во зградата на претседателството на Србија.

– Случувањата во соседна Србија имаат неколку објаснувања. Првата е дека сето ова е сценарио на српскиот претседател Александар Вучиќ, особено на оние медиуми кои се наклонети кон косовската страна во проблемот но и обвинувањата на опозицијата дека сето ова е испланирано сценарио. И второто, според мене е дека овие случувања се резултат на раздорот во владеачката коалиција на претседателот Вучиќ во однос на прашањето каде Србија треба да се ориентира дали кон Западот или Истокот односно ЕУ и САД или сојузот со Русија. Сето ова говори дека времето за театри и популизам на Александар Вучиќ одминува бидејќи тој е ставен во теснец – вели Хаџи Јанев и појасни дека српскиот претседател сепак засега успешно ја балансира политиката на Србија во глобалните превирања.

Познавачот на состојбите во разговорот во студиото зборуваше и за наближувањето од годишнината од почетокот на руската инвазија во Украина, состојбите на боиштата како и за кои ќе бидат следните чекори на рускиот претседател Владимир Путин на светската геополитичка карта.

Повеќе од разговорто со Хаџи Јанев погледнете во видеото во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот