ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Методи Хаџи-Јанев: Безбедноста и мирот се скапи работи

Методи Хаџи Јанев - професор / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Да се сочува мирот посебно во услови кога малициозните актери демнат од сите страни и начинот кој што го прават тоа е опасен, бара од оној кој што го обезбедува тој мир и целото социјално живеење во една држава да вложува пари. Имајќи на ум дека работите на глобалната карта се движат во насока која засега е опасна за човештвото, разумно е да вложуваме во безбедноста. Ова го истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи-Јанев во емисијата „Утрински печат“ коментирајќи го рекордниот предлог-Буџет за 2023 за Министерството за одбрана преставен вчера од министерката Славјанка Петровска и премиерот Димитар Ковачевски кој според најавите ќе овозможува развој на Армијата, повисок стандард на војниците и безбедна држава.

– Она што треба да се увиди е колку од овој буџет всушност и ќе се реализира. Постои пракса во изминатите 30-тина години да одредени буџетски средства не се реализираат, што заради внатре партиски побарувања или враќање на парите назад во буџетот за да се користат за други работи и што заради неукост на луѓето кои што работат на тендери – истака професорот Хаџи – Јанев.

Познавачот на безбедносните случувања Хаџи-Јанев објаснува дека во секој случај за поздравување е зголемувањето на финансиите за потребите на одбрана.

– Паралелно со одредувањето на буџетот за одбрана за следната година многу важно е како тој ќе биде реализиран – истакна кратко Хаџи-Јанев.

Универзитетскиот професор во гостувањето на „Утринки печат“ зборуваше и средбите на украинскиот претседател Зеленски со американскиот претседател Џо Бајден во Белата Куќа. Говореше и за тоа кои се неговите предикции за воените дејствија на фронтот во Украина но и анализираше за тоа колку Македонија е платежно способна во однос на другите НАТО земји членки.

Повеќе од разговорот со Хаџи-Јанев погледнете во видеото во продолжение

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот