ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Куцуловски: Здравјето на економијата се гледа преку работата на берзите

Кирил Куцулски - неизвршен директор на Вега фондови / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Работата на берзите придонесува производителите на берзанските стоки да ги продаваат на организиран пазар и да преговараат за цената, односно временски да ја договорат за одреден датум по одредена цена. Кога една централна банка сака да ја сузбие инфлацијата, таа ги крева каматните стапки. Тоа предизвикува парите во оптег да се повлечат назад во банките, теоретски намалувајќи ја инфлацијата. Ефектот наједноставно може да се види во цените на стоките како шта се тргуваат на берзите.

-Наједноставно кажано, берза е организиран пазар односно место каде што се случува тргување на капитал или стоки организирано по правила на редослед. Купувачите и продавачите на стоки на ова место се среќаваат да купат производ по најниска или највисока цена. Неорганизиран пазар е слободната трговија каде што нема гаранција за доаѓање на усогласување според договореното. Берзата е организација на една институција која продава или купува различни производи, како што се нафта, жито или струја. Неорганизиран пазар е всушност трговија која постои најчесто во државата или поинаку речено тоа е трговија меѓу две странки. На организираниот пазар мора да има лицитација, односно на отворено мора да биде ставена понудата. Ова го изјави Кирил Куцуловски неизвршен директор на Вега Фондови за „Утрински печат“ на Слободна ТВ.

Постои суштинска разлика меѓу организиран и неорганизиран пазар.

-Во организираниот пазар првиот купувач кој нуди највисока цена, и првиот продавач кој нуди најниска цена секогаш ќе имаат предност — по правило. Во неорганизиран пазар, нема правило кое вели дека ќе го добиете продавачот со најниска цена прво. Тоа е најдобриот начин да се гледа организиран пазар и тоа е клучната карактеристика на сите берзи,- рече Куцуловски.

Државите како субјекти што учествуваат на берзите за купување стоки се дел од организираниот пазар.

-Светската трговија се врши на големите стокови берзи. Најпознати берзи за стоки во светот се CME — Берзата во Чикаго, која е најголема од овој тип и обезбедува ликвидност за светската сточна трговија, LME — Берзата за метал во Лондон, најстарата од овој тип, B3 — Бразилската берза, врзана со Чикаго, JSE — Јужноафриканската берза, врзана со Чикаго и MX — Малезиската берза, врзана со Чикаго. Постојат берзи кои примарно тргуваат акции, и берзи кои примарно тргуваат стоки. Акциските берзи се често организирани во групации, од кои најголемите и најпознатите се: NYSE — Њујоркшката берза, која заедно со NASDAQ се главните берзи во САД, EURONEXT — Најголемата групација на берзи во Европа, чии членки се Француската, Белгиската, Италијанската, Ирската, Португласката берза итн., XETRA — Германската берза која ги обединува сите помали Германски берзи во еден пазар, JSE — Јапонската берза која ги обединува сите помали Јапонски берзи во еден пазар, HKEX — Хонгошката берза која го организира Хонгошкиот пазар но и овозможува тргување со Кинески капитал од НРК. За мало произведено количество, пример пченица, може да се понуди на неорганизираниот пазар, додека за големо количество на продавачот му е потребна сигурност и зато се определува да продава на организираниот пазар. За разлика од слободната трговија каде шта редоследот на купувачите и продавачите не е организиран — на берзата мора да се запази кој и кога има предимство. Тоа е основната функција на една берза, да обезбеди место за организирано тргување врз кое што трговците можат да се потпрат — тоа осигирува тек на трговија на капитал и стоки во државата- истакна Куцуловски

Тој се осврна и на руско –украинската војна и влијанието врз процесите на финансиското работење на берзите и цените на стоките.

-Ова е нов и голем предизвик во работата што сум се соочил досега. Војната директно удри врз процесите во економијата, а тоа значи врз производството на нафта од Русија, а потоа и врз производството на жито и сончогледово масло. Цените на овие производи многу се зголемија. Истовремено, имаше многу долари во оптек и сето тоа влијаеше врз порастот на цените на некои производи. На пример цени на основни прехранбрени производи на сточните берзи се зголемија кај млеко за 17% од почеток на 2022, на пченица за 18%, пченка за 22%, шеќер за 31%, и кај масло (соино) за 20%, потенцира неизвршниот директор на Вега Фондови, Кирил Куцуловски.

Куцуловски нагласи и колку долари се испечатени во последно време.

-Доларот се печати во големо количество. 80% од доларите во постоење се создадени меѓу јануари 2020 и октомври 2021. 80% од сите постоечки американски долари се испечатени во последните 22 месеци (од 4 трилиони долари во јануари 2020 година до 20 трилиони долари во октомври 2021 година), Сепак, оттогаш многу се променија. ФЕД го забрза своето квантитативно олеснување (нашироко наречено печатење пари) за да ја зголеми ликвидноста на банките во САД и да внесе трилиони долари во економијата, рече Куцуловски.

Целиот разговор со Кирил Куцуловски погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот