ВИДЕО | Интер и Наполи ги поделија бодовите во италијанското дерби

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Заврши серијата на Интер од десет победи во низа откако вечерва „нероаѕурите одиграа 1:1 во дербито со актуелниот шампион Наполи.

Доминираше Интер и испрати 18 удари кон противничкиот гол, меѓутоа тие не беа доволни за да ја продолжат победничката серија. Но, во Милано нема премногу да жалат затоа што и понатаму имаат огромна предност на врвот на табелата. Интер е на 76 бода, додека Милан кој е второпласиран има 62.

Во денешното дерби избраниците на Инзаги први стигнаа до водство со голот на Дармијан во 43. минута и во продолжение изгледаше дека имаат контрола над резултатот. Сепак, Жуан Жесус на десетина минути пред крајот постигна гол со кој донесе бод за Наполи.

Пред натпреварот со Наполи Интер не победи на 29-ти декември кога против Џенова одигра 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот