Верижен судир на 45 возила на автопат во Индијана/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Индијана: Верижен судир на 45 возила на автопат по снежни врнежи

Судир во кој учествувале околу 45 возила се случил на автопат во Индијана за време на Денот на благодарноста, објави Ен-би-си.

Судирот се случил на меѓудржавниот пат 70 по снежните врнежи во саботата, што резултирало и со откажување на стотици летови.

И покрај големиот број на вклучени возила, нема пријавени посериозни повреди.

Сепак, сообраќајот на автопатот бил во прекин некое време.

„Ова беше судир на повеќе возила што беше непотребен. Луѓето само треба да возат внимателно кога ќе почне да врне снег, да забават, да се осигурат дека им се врзани безбедносните појаси и да се осигурат дека сите се безбедни таму“, соопшти полицијата на Индијана по несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот