ВИДЕО | Илиевска – Силјановска: Со почитување на протоколите театарот е безбедно место за нашите деца, а интересот е голем

Катарина Илиевска – Сијановска
Катарина Илиевска – Сијановска / Утрински брифинг

Уште неколку дена остануваат до почетокот на второто полугодие од оваа учебна година. Продолжениот распуст поради пандемијата според сегашните најави завршува на почетокот на следниот месец.

Изминативе денови па и денеска температурите бележат ниски минусни температури бидејќи земјава беше под влијание на студен бран, но барем според најавите на метеоролозите следниот период не очекува мало затоплување.

Со оглед на околностите голем дел од родителите размислуваат што да направат за да поминат квалитетно време со своите деца.

Наш предлог за ова е време поминато во театар на претстава.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со директорката на Театар за деца и младинци Катарина Илиевска – Сијановска.

-За жал за сите нас оваа пандемија ни ги скрати крилата па и на нас уметниците, а се разбира и на нашата публика децата. Во 2020 година кога се затворија портите на објектите од културата и на сите други, кога не смеевме да имаме претстави беше многу тажно. Но откако ги отворија во октомври 2020, ние започнавме со работа и нашиот театар полека се издигнуваше и се дигна на нозе од нула, вели таа.

За сега 2021 и оовој месец од 2022 година, нормално со протоколи од 50% дозволен капацитет во салата, со почитување на сите протоколи, со сертификат за вакцина, дезинфицирање на раце, се разбира носење на маска внатре во салата, освен за децата од предшколска возраст, сега имаме веќе имаме по три претстави во неделата.

-Публиката сака да доаѓа и јас мислам дека 99% од луѓето кои што доаѓаат да не посетат се задоволни. Мислам дека е безбедно и децата треба да ги носиме во театар. Најчестата наша публика е од три до десет години. Најмалите дечиња имаат најголем интерес, вели Илиевска – Силјановска за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот