ВИДЕО I Скандалозно: Косовец влегол во авион иако знаел дека има ковид-19, состојбата му се влошила за време на летот

Иако пандемијата од коронавирус наметна построги правила кога станува збор за патување со авион и потребни се разни тестови кои докажуваат дека патниците не се позитивни на ковид-19 на аеродромот во Приштина, „Адем Јашари“ не се бараат негативни тестови за иселениците кои заминуваат во Германија.

Оваа можност ја искористил Косовец на возраст од околу 60 години. Тој решил да се качи во авионот за Берлин, иако имал два позитивни теста на ковид, објави Индекс Онлајн.

Тој за време на летот цело време кашлал и имал тешкотии при дишењето, но одеднаш драстично му се влошила состојбата.

За среќа, еден косовски лекар успеа да му даде кислород од апаратот што го имаше со себе. Но, сите патници од тој лет останаа во шок.

Ситуацијата стануваше се подраматична, кога патникот во еден момент ја изгуби свеста.

Токму овој критичен момент, тој ја натера сопругата да покаже дека бил позитивен на тестот со Ковид

Сега ризикува да биде казнет со 25.000 евра во Германија. Сè уште нема информација дали другите патници биле ставени во карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот