ВИДЕО I Русија ја активира северната флота: Целта е да се заземат стратешките точки на Арктикот по секоја цена

Само една недела откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја посети командата на Северната флота, пет пловни објекти испловија од заливот Кола и се упатија кон отворено море.

Во своето обраќање Шојгу подвлече дека Соединетите држави и нивните сојузници во НАТО градат поморски сили долж границите на Русија и дека е забележано зголемено присуство на САД на Арктикот.

„Соединетите држави и нивните сојузници ги засилуваат своите воени сили на Арктикот, зголемувајќи го интензитетот на воената подготвеност и проширување и модернизирање на воената инфраструктура“, рече Шојгу.

Прес-службата на Северната флота објави фотографии на кои се гледа флота од пет површински бродови кои пловат од заливот Кола. Силите што испловија вклучуваат две противподморнички корвети од класата Гриша, три миноловци и една стратешка подморница Делта-IV од Гаџијево, како и други нуклеарни и дизел-електрични подморници од базата Полијарни.

Северната флота објави дека станува збор за командна вежба што се одвива под водство на командантот на морнарицата, адмирал Николај Евменов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот