ВИДЕО | И покрај забраната, на Стоунхенџ се собраа стотици ентузијасти

Стотици луѓе дојдоа да ја прослават летната долгоденица во Стоунхенџ, и покрај упатствата од властите да се воздржат од патувања поради пандемијата на коронавирус.

Англиската организација English Heritage, која се грижи за спомениците во Англија, наместо да дојдат, сакала да им понуди на посетителите директен пренос од изгревот на најдолгиот ден во годината, но тоа било откажано во 4:52 часот наутро, од безбедносни причини.

Луѓето сепак стигнале до тој неолитски споменик, а снимките покажуваат дека морале да прескокнуваат огради, пренесува Би-Би-Си.

Виртуелните посетители затоа гледале претходно снимено видео од долгоденицата (солстициј) , а видеото во живо се врати во 05 часот.

English Heritage не објасни зошто доаѓањето на луѓе во Стоунхенџ го сопрело преносот во живо во зори, пишува Би-Би-Си.

Организацијата претходно се подготвувала за пристигнување на посетителите, но потоа владата го одложи олеснувањето на ограничувачките мерки до јули.

Пред пандемијата во Стоунхенџ, до 30 000 луѓе би ја дочекале зората на долгоденицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот