ВИДЕО I Немерливата моќ на музиката и трогателна снимка што остава без зборови: Последниот танц на балерината со Алцхајмер

Снимка на некогашната примабалерина Марта Гонзалез, која нотите на „Лебедово езеро“ за момент ја оттргнаа од деменција од која патеше со години, неодамна стана вирална и набрзина се прошири по социјалните мрежи.

Материјалот е снимен во старечки дом во Валенсија каде Гонзалез ги мина последните денови од животот и каде почина лани.

Таа беше ѕвезда на Њујоршкиот балет во 60-ите години на минатиот век, а познатата мелодија на Чајковски и беше пуштена за време на терапијата. Кога ги слушна звуците, таа најпрво ги отвори очите и почна да ги придвижува раце во ритам на балетска кореографија.

Кога музиката престана, Марта доби голем аплауз од присутните во просторијата.

Погледнете го видеото кое го обиколи светот:

– Моќта на музиката е немерлива, наведе шпанска хуманитарна организација која ја сподели снимката на социјалните мрежи.

Снимката на Фејсбук ја сподели и актерот Антонио Бандерас, укажувајќи на исклучителната уметност и страст на некогашната балерина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот