ВИДЕО I „Небото се отвори, стадионот експлодира“: Точно 30 години од историскиот успех на Црвена звезда против Баерн

фото: ФК Црвена Звезда

„Небото се отвори, стадионот експлодира“ е историската реченица на коментаторот Милојко Пантиќ со кој го одбележа пласманот на Црвена звезда во финалето на тогашниот Куп на Европски шампиони (сегашна Лига на шампиони). Денеска навршуваат точно 30 години од историскиот успех на Црвена звезда која го елиминира Баерн Минхен и се пласира во финалето.

– Југовиќ, Југовиќ до Панчев, Југовиќ. Просинечки е тука! Просинечки, Михајловиќ со средина! Што е сега ова… 2:2. Гол, гол, гол! Небото се отвори! Стадионот експлодира! Галер го тера раководството на Ц. Звезда од теренот. Тимот на Баер е на тревата. Фудбалерите на Баерн се нокаутирани – се легендарните зборови на коментаторот Пантиќ кажани на 24. април 1991 година.

Црвена звезда во првиот полуфинален натпревар кој се играше во Минхен славеше со 2:1 со головите на Дарко Панчев и на Дејан Савичевиќ.
Потоа следеше реваншот кој се играше на 24 април 1991 година во Белград. Баерн во 90 минута имаше водство од 2:1, резултат кој му гарантираше продолженија, но во последните моменти од натпреварот, по центаршутот на Синиша Михајловиќ, легендарниот играч на германскиот тим, Клаус Аугенталер си даде автогол и ја испрати Црвена звезда во финалето.

Директни учесници во овој успех, но и во финалето во Бари каде Црвена звезда стана европски шампион откако беше подобра од Олимпик Марсеј во пенал рулетот, беа легендите на македонскиот фудбал Илија Најдоски и Дарко Панчев.

– Кога топката влезе во мрежата, ми падна камен од срцето, незаборавно славје. Фудбалот ги цени храбрите и почитуваните. Нашата генерација беше таква, затоа сè ни се врати таа ноќ, а подоцна и во финалето во Бари– изјави неодамна Најдоски за клупската интернет страница на Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот