ВИДЕО | Храмски слон во Индија убил човек, уништил автомобили, корнел дрвја
Во индиската федерална држава Керала, еден храмски слон дивеел, убивајќи едно лице, а повредувајќи друго. Драматичното видео кое стана вирално на социјалните мрежи го покажува животното како превртува автомобил како играчка, корне дрво и уништува мотоцикли и друг имот. Инцидентот се случил во храм во селото Кидангур во Ангамали, недалеку од Кочи, објавува „Хиндустан тајмс“.
Препорачано
Слонот, по име Мајанад Партасарати, бил донесен од Колам во храмот Кидангур Махавишну во Ангамали завчера. Според извештаите, кратко по неговото пристигнување тој се ослободил од оковите и станал насилен. На снимката се гледа како зема автомобил „марути свифт“ и постојано го фрла на земја, целосно уништувајќи го. Тој е снимен и како влече дрво кое претходно го искоренил.
Возачот на камионот што го превезувал слонот го загубил животот во дивеењето. Жртвата е идентификувана како Вишну од Колам, а според властите, тој починал на местото на настанот додека се обидувал да го смири вознемиреното животно. Главниот скротувач на слонови, Прадип, исто така бил повреден и бил однесен во болница каде што се опоравува.
Потребни биле неколку часа за да се совлада и фати слонот. Членовите на Одделот за шумарство се обиделе да го сопрат пред да се пресели од храмовиот комплекс во населено место. Повеќе од два часа откако започнало дивеењето, ветеринарот го застрелал животното со стрела за смирување.
Откако бил погоден, слонот накратко се вознемирил и превртел друго возило во храмот. Постепено се смирил, што му овозможило на тимот на Одделот за шумарство да му ги врзе задните нозе и да го обезбеди со јажиња врзани за неколку дрвја.
Лице запознаено со историјата на животното изјавило за локалната телевизија дека слонот во минатото учествувал на познатиот фестивал Трисур Пурам и бил со мирна природа.
„Тој не беше насилен порано. Нешто мора да го испровоцирало. Сега е смирен“, рече тој.
Tragic elephant attack at Kidangoor Mahavishnu Temple in Angamaly, Kerala.
On May 1, the temple elephant ‘Mayyanad Parthasarathy’ went into musth and ran amok around 9:45 AM. It killed Vishnu (40), a lorry driver from Kollam who had transported the elephant. Mahout Pradeep was… pic.twitter.com/UAhw5T2CBI— ಸನಾತನ (सनातन) (@sanatan_kannada) May 2, 2026


