фото: EPA/FABIAN STRAUCH

ВИДЕО | Хофенхајм непријатно го изненади Баер Леверкузен во првото коло од Бундес лигата

Фудбалерите на Хофенхајм изненадувачки го победија Баер Леверкузен со 2:1 на гостински терен денеска во во првото коло од најсилното германско првенство. Предноста на Баер му ја даде Јарел Кванза со гол во шестата минута, а израмнувањето на Хофенхајм го даде Фисник Аслани со гол во 25 минута. Тим Лемперле го постигна победничкиот гол за Хофенхајм во 52 минута.

Ајнтрахт го победи Вердер Бремен со 4:1 на домашен терен во Франкфурт. Предност за Ајнтрахт донесе Џан Јилмаз Узун со гол во 22 минута, а Жан-Матју Бахоја го зголеми водството три минути подоцна. Бахоја го постигна својот втор гол во натпреварот во 47 минута, додека Џастин Њинма постигна гол за Вердер една минута подоцна. Ансгар Кнауф го постигна последниот гол во 70 минута.

Аугсбург го победи Фрајбург со 3:1 на гостински терен. Димитриос Џанулис му донесе водство на Аугсбург во 32 минута, а Крислен Мацима го зголеми водството во 42 минута. Мариус Волф го постигна третиот гол за Аугсбург во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме, додека играчот од средниот ред на Фрајбург, Винченцо Грифо, го постигна последниот гол од пенал во 58 минута. Голот на напаѓачот на Фрајбург, Лукас Холер, во 17 минута беше поништен поради офсајд.

Унион Берлин го победи Штутгарт со 2:1 на домашен терен. За позитива на Унион се погрижи Иљас Анса со гол во 18 минута, а истиот играч го зголеми водството со гол во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме по асистенција на српскиот напаѓач Андреј Илиќ. Напаѓачот на Штутгарт, Тијаго Томас, го постави конечниот резултат со гол во 86 минута.

Волфсбург го победи Хајденхајм со 3:1 на гостински терен. Головите за Волфсбург ги постигнаа Сков Олсен во 20, Сванберг во 66 и Амоура од пенал во 87 минута, а на спротивната страна единствениот погодок беше дело на Сајенза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот