ВИДЕО: Харден и Дурент режираа спектакуларна победа над Јанис и Милвоки

epa08947600 Brooklyn Nets guard James Harden (L) and teammate Brooklyn Nets forward Kevin Durant (R) high-five in center court during game action against the Milwaukee Bucks in the second half of the NBA basketball game between the Brooklyn Nets and the Milwaukee Bucks at the Barclays Center in Brooklyn, New York, USA, 18 January 2021. EPA-EFE/JASON SZENES EPA-EFE/JASON SZENES SHUTTERSTOCK OUT

Бркуклин со 125:123 го совлада Милвоки бакс.

Џејмс Харден по трансферот во Бруклин нетс игра како прероден и во двата натпревари досега постигна над 30 поени.

Овој пат Харден постигна 34 поени и имаше 12 асистенции, додека Кевин Дурент постигна 30 поени. Токму Дурент беше човек на одлука, ги постигна последните поени за својот тим на 30. секунди до крајот на натпреварот, по што Крис Мидлтон ги промаши двата обиди да го однесе натпреварот во продолжението од пет минути.

Покрај Харден и Дурент, одлична партија одигра и Џо Херис со 20 поени додека Бруклин повторно играше без третата голема ѕвезда Кајри Ирвинг.
Од друга страна, Јанис Адетокумпо постигна 34 поени и имаше 12 скокови, додека Крис Мидлтон постигна 25 поени.

Голден стејт вориорс приреди големо изненадување со победата над актуелниот шампион ЛА Лејкерс од 115:113.
Првото полувреме помина во знакот на шампионот кој на одмор замина со дури 16 поени предност. „Вионите“ во третата четвртина го најавија кам-бекот, за во последниот период да го направат тоа и на крајот да слават. Голден стејт до израмнување на три минути и 10 секунди до крајот (108:108) по што следеа две асистенции на Стеф Кари за четири поени на Дрејдонд Грин и на крајот тој да постигне два поени кое беа доволни за триумф. Џејмс во последната секунда го промашу шутот за три поени.

Стеф Кари беше најефикасен кај „воините“ со 26 поени, Кели Убре постигна 23 поени, додека во редовите на ЛА Лејкерс, Денис Шрудер даде 25 поени, а Леброн Џејмс 19 поени.

Торонто репторс го успеа да го запре Лука Дончиќ и на крајот да го совлада Далас со 116:93.
Торонто со 23 поени и 9 скокови го предводеше Кајл Лаури, Крис Бушер постигна 21 поен. Дончиќ постигна најмалку поени сезонава, само 15, но одлично одигра Кристапс Порзингис со 23 поени.

Резултати:
Бруклин – Милвоки 125:123
Торонто – Далас 116:93
Чикаго – Хјустон 125:120
Мајами – Детроит 113:107
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 113:115.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот