ВИДЕО: Грузиски пратеници се испотепаа поради закон скроен по руски модел
Грузиските пратеници со тупаници и клоци денеска ги решаваа недоразбирањата во парламентот за време на расправата на парламентарната комисија за законот за регулирање на „странските агенти“, за кој критичарите велат дека е направен по модел на руски закон.
Препорачано
Владејачкиот блок „Грузиски сон“ минатиот месец објави дека го поддржува законот, кој сè уште треба да помине други фази на одобрување пред да стапи во сила.
Тепачката меѓу пратениците настана за време на расправа во Комисијата за правни прашања во парламентот и од видеата може да се види дека претседателот на оваа комисија, кој е дел од владејачкото мнозинство, го удира лидерот на опозициската партија Обединето национално движење.
Physical confrontation between Georgian MPs and chair of Legal Affairs Committee, Anri Okhanashvili pic.twitter.com/YwIIuljDJR
— Jelger Groeneveld (@jelger_) March 6, 2023
Станува збор за нацрт-закон кој личи на рускиот од 2012 година и предвидува дека сите организации кои над 20 отсто од својот буџет го добиваат од странство, треба да се регистрираат како „странски агенти“ и да подлежат на мониторинг од Министерството за правда.


