ВИДЕО: „Гранде“ Пандев со гол и асистенција против Аталанта!

epa09201867 Genoa?s Goran Pandev (L) celebrates with his teammate Manolo Portanova after scoring during the Italian Serie A soccer match Genoa CFC vs Atalanta BC at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 15 May 2021. EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Денеска во претпоследното 37 коло во Серија А составот на Џенова загуби на домашен терен со 3:4 од екипата на Аталанта.

Во првиот дел гостите водеа со 0:3, по еден погодок запишаа Запата во деветтата, Малиновски во 26 и Госенс во 44 минута од средбата.

Од стартот на вториот дел настапи македонскиот репрезентативец Горан Пандев кој запиша еден гол и асистенција. Најпрвин во 67 минута од пенал намали на 2:4, а во 84 минута асиститираше до Шомуродов за поставување на конечниот епилог.

Џенова веќе го обезбеди опстанокот во најсилното италијанско првенство, моментно е на 14 позиција со 39 бодови. Својот последен меч сезонава ќе го има на 23 мај на гостувањето кај Каљари.

Со овој триумф Аталанта е вториот италијански тим, после Интер, кој обезбеди настап во групите на Лигата на шампионите за следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот