ВИДЕО: Градежници лееле бетон и урнале ѕид од соседна зграда во Ѓорче Петров

„Ние видовме дека ни бега бетон, а не знаеме каде“, им рекле работниците на соседите откако им отвориле голема дупка во ходникот

Тежол инцидент се случил утрово во зграда на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Ѓорче Петров – работници на градежна фирма, додека лееле бетон на објект, тешко оштетиле ѕид од соседната зграда.

Вознемирените станари во чиј ходник сега има голема дупка во ѕидот, сведочат дека додека се истурал бетон на соседниот објект, кој е веднаш до нивната зграда, ѕидот попуштил и се урнал, а бетонот и циглите од соседниот објект навлегле во заедничкиот простор, искривувајки еден од носечките ѕидови и нанесувајќи штета на електричните и водоводните инсталации.

Среќа во несреќа, велат, е тоа што за време на инцидентот никој не се нашол во влезот, па штетата е само материјална. Но, тие се длабоко загрижени за својата безбедност. Бараат итна реакција од надлежните институции, како и одговорност од изведувачот на работите на соседниот објект.

„Сликата беше страшна, јас во 9 и 30 сабајле се прибирав дома и пред лифтот начекав цемент, бетон истурен и ништо не ми беше јасно. После тоа отидов бидејки до нас се гради друга зграда, претпоставував дека е од кај нив, повикав луѓе и тие се чудеа викаат: „Ние видовме дека ни бега бетон, а не знаеме каде“, а целиот бетон бил кај нас. Имаме голема штета како ќе испадне на крај ќе видиме. Луѓето се вознемирени од нова здрава права зграда имаме хаварија“, вели за „Канал 5“ Славчо Доневски, жител на оштетената зграда.

„Во градењето од нашата страна најверојатно се влезени повнатре со должина, а и над нашиот двор висат работници без никаква заштита ни за нив ни за нас“, вели друг загрижен станар на оштетената зграда.

Станарите веднаш пријавиле во полиција, по што полицајци извршиле увид. Веднаш потоа, случајот бил пријавен и во Општина Ѓорче Петров, а станарите барале инспекциски увид за состојбата на зградата по инцидентот. Општината попладнево се огласи околу градежната хаварија:

Општина Ѓорче Петров по градежната хаварија: Нема да дозволиме несовесно градење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот