ВИДЕО: Голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина со посредство на ОАЕ

ФОТО: EPA/ALEXEI YERESHKO/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY

Русија и Украина размениле стотици воени заробеници според договорот постигнат со помош на Обединетите Арапски Емирати, пренесува АП.

Украинските власти објавија дека 230 украински воени заробеници се вратиле дома во првата размена по речиси пет месеци. Руското Министерство за одбрана соопшти дека со посредство на Обединетите Арапски Емирати се ослободени 248 руски војници.

Некои од ослободените Украинци се во притвор од 2022 година. Меѓу нив има и некои од оние што се бореле во битките за украинскиот Змиски остров и градот Мариупол.

Сè уште нема потврда за овој настан од ОАЕ, кои одржуваат блиски деловни врски со Москва од почетокот на руската војна против Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот