ВИДЕО: Го фатија лавчето што му избега на Турчин во Будва

Лавче-Будва/Фото: Еспресо.рс/принтскрин

Лавчето Симба, кое на 21 јануари избега од дом на Турчин кој живее во Будва, дури денеска е пронајдено и сместено на безбедно.

Симба бил пронајден во куќа во село во близина на црногорскиот приморски граф, на тешко пристапен терен.

Лавчето беше на „слобода“ дваесетина дена, а експертите беа загрижени дека доколку не се пронајде, тоа би можело да живее и расте во близина на населени средини, а за само неколку месеци ќе беше доволно големо за да напаѓа домашни животни и луѓе.

Во потрагата која почна пред неколку недели, а беше засилена вчера учествувале 60-ина припадници на полицијата, пожарникари, граѓански активисти…

Полицаецот Божо Зец изјави дека го забележал младенчето во куќата во изградба на Жарко Даниловиќ во селото Подострог. Потоа ги повикал претставниците на Агенцијата и на службата за заштита и спасување од Будва, кои го фатиле Симба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот