27.8 C
Скопје

ВИДЕО | Глигорова: Борбата за работничките права, чистење на правосудството како дел од ланчаниот систем на организиран криминал – приоритет за новиот политички субјект

Во дадениот момент ние размислуваме (група од граѓански активисти) за повторно политичко активирање. Тоа не е условено со локалните, може да биде и за парламентарните избори. Критичната маса на луѓе кои се заинтересирани за нов политички субјект е голема, маса на луѓе која не е задоволна од владењњето на политичките партии во овие 30 години, изјави во Утрински брифинг Ана Глигорова, граѓанско-политички активист.

Бевме на минатите избори, но какао независен субјект во контекст на политичка партија. Сега би сакале да бидеме потполно независна листа бидејќи во моментот не гледаме заеднички точки со ниту една политичка партија во Македонија, вели Глигорова.

Имаме корумпиран, непотистички, безобразен правосуден систем, во кој владее организиран криминал. Сметам дека политиката ја диктира економијата. Ако немате добри политики вие нема да имате добра економија. Сметам дека поитикита и политичките односи ја креираат економијата. Политичката сцена е полна со криминалци за што сме сведоци. Македонија го смени името за да партиципира во тие преговори, но тоа се покажа како неуспешно. Членството во НАТО ја потврди таа заложба на владејачката елита да влеземе во Алијансата, но тоа се покажа како делумно успешно. Граѓаните се незадоволни. Секојдневно гледаме функционери кои ја злоупотребувале својата позиција, додава Глигорова.

Новиот политички субјект би бил лево ориентиран. Социјална држава, држава која ќе има во себе интернационализам, борба за силна социјална држава со елементи на социјалистички пристап. Политичките елети во моментот, односно оној лев блок кој се презентира е неолиберален, односно капиталистички. СДСМ е тајкунска партија која зависи од волјата на постоечките капиталисти. ВМРО-ДПМНЕ е партија во која имаме постоечки криминалци кои се на чело на партијата. Граѓаните тоа го гледаат.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Поврзани вести

Саливан: САД сега имаат „јасни ориентири“ кон Русија

Слободен печат

Што содржи македонскиот предлог до Софија?

Курц: Северна Македонија сработи одлично на патот на евроинтеграциите

Слободен печат

Европската унија со економски санкции против Белорусија

Слободен печат

Вулин: Да им се забрани влез во Србија на оние кои гласаа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница

Катерина Стевовска

ФОТО | Вистинско уживање! Се кандисавме за Охрид, бендисавме и топло препорачуваме: Кај Маја и Душица на домашни специјалитети од кои ќе ви се отворат сите чакри

Јасмина Кантарџиева Димков

Остави Коментар