ВИДЕО | Гладна змија се обидe да улови домашна мачка: Спас во последен момент!

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Домашната камера на едно семејство од Тајланд го сними моментот кога постар човек додека ја полева својата градина, поголема змија се вовлекува во неговиот двор и се обидува да ја нападне домашна мачка.

Мачката успеа да побегне во прегратките на својот сопственик, кој прво ја спасува мачката и ја остава во куќата, а потоа и тој се засолнува бидејќи змијата почнува и него да го демне пред влезната врата на неговиот дом.

За среќа, заложничката криза не траела долго, а змијата избегала во непознат правец. Обидот на змијата да си обезбеди „калоричен оброк“ овој пат завршува неуспешно.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот