ВИДЕО | ГФК Куманово објави видео од натпреварот во Арачиново: Во Македонија сме или во Колумбија?

Фото: GFK Kumanovo

Викендов во македонскиот фудбал се играше дербито од Третата лига помеѓу Шкендија Арачиново и Куманово кое заврши со победа од 3:0 на домашната екипа. Но, за жал не е резултатот темата за кој што се пишува и дискутира по овој натпревар.

Имено, од тимот на Куманово претходно објавија соопштение во кое ја информираа јавноста дека добивале сериозни закани, дури и од редарите на трибината. Сега клубот објави и кратко видео со кое сака да долови сликата која ги дочекала во Арачиново.

На видеото од 30 секунди може да се види како еден домашен фудбалер го удира играчот на ГФК Куманово. Ситуацијата е пред почетокот на натпреварот додека фудбалерите на двете екипи се поздравуваат, а од Куманово тврдат дека веднаш реагирале кај делегатот кој според нивните тврдења одбил да ја прекине средвата уште пред почетокот.

Новата реакција од Куманово во продолжение ви ја пренесуваме во целост:

Еве само едно видео од натпреварот во недела што се одигра на стадионот во Хасанбег.

Онаа што го кажавме еве може македонска јавност да го види,значи оваа се случува пред очите на судиите,кои како имаме информации биле заклучени пред натпреварот во соблекувална и им било претено не знаеме што точно се им кажале.Судиите како и останати луѓе се од крв и месо и нормално дека подлегнале под притисок.

Читаме коментари дека има многу храбри фудбалери па еве повелете на некој ваков натпревар и играјте да ве видиме.Исто така има и коментари зошто не сме го напуштиле натпреварот,луѓе има судии и делегат на натпреварот на кои уредно ги рековме што се случило дека нашиот фудбалер е два пати удрено со тупаница но тие не рекоа да го почнеме натпревар(кога биле под закана што друго да кажат).

Има и коментари дека на преносот што го гледале дека немало ништо опасно,еве јас ке ви пишам најреално имаше најмалку околу 30 намерни старта со отворена нога што не е дозволено во фудбалот.

Да кажам и оваа пред почеток на натпреварот од полиција ни рекоа дека има најава дека публика ке влезе преку ограда во теренот да не нападне и ни дадоа насока каде да бегаме да можат да не заштитат.

За крај да порачаме на Шкендија кажете на кој фудбалски стадион сакате да одиграме натпревар без присуство на публика и редари нека има само полиција да ви покажеме дека сме за две класи подобри од вас.

Да не заборавиме дека се имаат јавувно на фудбалерите и на нивните семејства и им се заканувале.

Луѓе каде живееме во Македонија или во Колумбија.

ГФК Куманово ветува дека секогаш ке играме фер и коректно,дека секогаш гостинските екипи и судии ке ги пречекаме најдомаќински и така ке ги испратиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот