ВИДЕО: Гестот на Халанд не му се допадна на Пеп Гвардиола

фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Екипата на Манчестер сити ита кон одбрана на титулата во Премиер лигата, откако во саботата на „Етихад“ беше совладан и Лидс со 2:1. Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола по мечот го изрази своето незадоволство од потегот на Ерлинг Халанд, иако Норвежанецот сакаше да биде несебичен.

„Граѓаните“ водеа благодарение на двата гола на Илкај Гундоган, а потоа во 84 минута беше досуден пенал кој според првичниот план требаше да го изведе Халанд. Норвешкиот напаѓач реши да му ја предаде топката на Гундоган за да го комплетира хет-трикот. Но, Германецот не реализираше од белата точка, а во следниот напад Лидс намали на 2:1 преку Родриго.

– Да постигнеше гол Гундоган, сè ќе беше во ред. Хет трик, супер, одиме понатаму…Но, изведувач е изведувач. На 2:0, особено во Англија, никогаш не е готово. Не е ситуација да заборавиш кој изведува пенали, тоа не е дозволено – рече Гвардиола.

Доколку резултатот беше 4:0 на 10 минути до крајот на средбата, тогаш сè беше во ред за Шпанецот.

– Сакав пеналот да го изведе играчот кој нормално го прави тоа. Тоа значи Халанд или Марез. Сепак, и оваа ситуација покажува каков е Ерлинг. Сакаше да го израдува својот соиграч, покажа дека соиграчите му се многу важни. Го почитувам тој потег на Халанд, но требаше да го изведе пеналот, бидејќи е специјалист за тоа – вели Гвардиола.

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола испишаа историја: Најбрзо до 1.000 гола во Премиер лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот