Манчестер Сити и Пеп Гвардиола испишаа историја: Најбрзо до 1.000 гола во Премиер лигата

Фото: EPA-EFE/ADAM

Манчестер Сити вчера го победи Вест Хем со 3:0, а во овој триумф избраниците на Пеп Гвардиола испишале и историја во англиската Премиер лига.

Манчестер Сити предводен од Гвардиола дојде до постигнати 1.000 гола побрзо од било кој друг тим со еден стратег на клупата. На избраниците на Пеп потребни им беа 404 натпревари.

Со оваа бројка Сити со Гвардиола зад себе ги остави Арсенал и Арсен Венгер кои до 1000 гола дојдоа за 554 натпревари, потоа следат Јунајтед и Сер Алекс Фергусон со 693 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот