ВИДЕО: Франција броеше до осум, и Белгија ќе игра на Мундијалот

Килијан Мбапе запиша четири голови во победата над Казахстан на „Паркот на принцовите“/Париз, Франција/13 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Репрезентативците на Франција го совладаа Казахстан со 8:0 и така го обезбедија пласманот на Светското првенство во Катар следната година. Учество на Мундијалот обезбеди и селекцијата на Белгија која ја оправда фаворитската улога против Естонија (3:1).

Актуелните светски шампиони, „триколорите“ во Париз водеа со 3:0 после првото полувреме со хет-трикот на Мбапе кој стрелаше во шестата, 12 и 32 минута од средбата на „Паркот на принцовите“.

Во вториот дел двоен стрелец беше Бензема, во гол серијата се придружија уште Рабио и Гризман, а во 87 минута Мбапе имаше уште еден погодок за поставување на конечниот епилог.

Во групата „Д“ претходно Финците беа подобри од Босанците со 1:3 и моментно се најблиску до баражот. Води Франција со 15 бодови, пред Финска која има 11, Украина е третопласирана со девет, четврта БиХ со седум, а последен е Казахстан (три). на 16 ноември Финска е домаќин на Франција, а Босанците ќе ја пречекаат Украина.

Белгија исто така се промовираше во нов учесник на Мундијалот по триумфот над Естонија. Во истата група Велс славеше над Белорусија со 5:1. Белгијците водат со 19 бодови, пред Велс со 14, Чешка е третопласирана со 11, на последните две позиции се Естонците (четири) и Белорусите (три).

На Велшаните ќе им биде доволен и бод во последното коло дома против Белгијците, а Чесите кои се фаворити против Естонците ќе чекаат „услуга“ од играчите на Роберто Мартинез.

ВИДЕО: Холандија може да остане без пласман на Светското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот