ВИДЕО: Феникс го изненади шампионот, 50. трипл-дабл во кариерата за Јокиќ

epa09047696 Denver Nuggets center Nikola Jokic of Serbia (R) drives on Milwaukee Bucks center Brook Lopez (L) during the NBA basketball game between the Denver Nuggets and the Milwaukee Bucks at Fiserv Forum in Milwaukee, Wisconsin, USA, 02 March 2021. EPA-EFE/TANNEN MAURY SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Феникс санс го совладаа актуелниот шампион ЛА Лејкерс со 114:104. „Сонцата“ славеа бидејќи во најголем дел од натпреварот имаа предност, од финишот на втората четвртина тие поведоа и водството не го испуштија до крајот на средбата, иако немаа ниту двоцифрена предност. Дарио Шариќ со 21 поени и Мајкл Бриџис со 19 поени беа најдобри кај Феникс, додека на спротивната страна Леброн Џејмс постигна 38 поени.

Пораз забележа и вториот тим од Лос Анџелес, Клиперси кои загубија на гости кај Бостон со 117:112. Кемба Вокер со 25 поени и Џејлен Браун со 18 беа најдобри кај Бостон, додека кај Клиперс, Пол Џорџ уфрли 32 поени.

Ѕвезда на вечерта беше центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ кој го предводеше својот тим до убедлив триумф од 128:97 над Милвоки бакс.
Јокиќ успеа да го забележи 50. трипл-дабл во кариерата од 37 поени, 11 асистенции и 10 скокови и стана деветтиот кошаркар во историјата на НБА лигата со 50. или повеќе вакви остварувања, а е само играч кога станува збор за центрите.
Дилемите околу победникот беа решени уште во првата четвртина која Денвер ја доби со 37:23 и двоцифрената предност не ја испуштија до крајот на натпреварот.

Резултати:
Вашингтон – Мемфис 111:125
Бостон – ЛА Клиперс 117:112
Мајами – Атланта 80:94
Сан Антонио – Њујорк 119:93
Милвоки – Денвер 97:128
ЛА Лејкерс – Феникс 104:114

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот