ВИДЕО | Фантастичната одбрана на Митревски против ПСЖ

Фото: Screenshot

Порто не успеа да слави дома против ПСЖ, францускиот тим забележа триумф од 33:35, но македонскиот голман Никола Митревски повторно бранеше на високо ниво.

Митревски натпреварот го заврши со девет одбрани, а веројатно две од нив ќе се најдат во топ 5 на колото. Посебно атрактивна беше одбраната на стартот од натпреварот во текот на шестата минута.

Прво одлично го одбрани ударот со влез на противничкиот играч, за потоа да забележи уште подобра интервенција. Добрата форма на Митревски секако дека не радува затоа што за нешто повеќе од еден месец во јануари не очекува Светското првенство во Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот