Митревски со девет одбрани, нови победи за ПСЖ и Магдебург во ЛШ

фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Ракометарите на ПСЖ го совладаа Порто на гостински терен со 33:35 и така се задржаа на врвот на табелата во групата „А“ во ЕХФ Лигата на шампионите со 16 бодови од девет натпревари.

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски за португалскиот клуб успеа да запише девет одбрани.

Кај неговите соиграчи најефикасен беше Итуриза со осум голови, а на спротивната страна за Французите девет погодоци беа дело на Шипжак.

Во истата група Магдебург со 36:34 пред своите навивачи беше подобар од ГОГ. Во генералниот пласман води ПСЖ со 16 бодови, пред Веспрем кој има 13, третопласиран е Магдебург со 12, девет има Динамо Букурешт, седум ГОГ, по пет Висла Плоцк и ППД Загреб, а последен е Порто со еден.

Во групата „Б“ Целје славеше над Елверум со 29:26, а Пик Сегед со 28:31 загуби од Кјелце.

На табелата лидер е Кјелце со 16 бодови, пред Барселона која има 15, Нант со 12 е третопласиран, следува Алборг со седум, по шест имаат Кил и Пик Сегед, претпоследен е Целје со четири, а на дното е Елверум со два.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот