ВИДЕО: Фантастичен натпревар во Неапол со тажен крај за Елмас и Наполи

На стадионот „Диего Марадона“ беа постигнати пет гола/ фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Фудбалерите на Аталанта го совладаа Наполи со 2:3 во натпревар исполнет со пресврти. Поразот за Наполи значеше и губење на лидерската позиција на табелата во Серија А, наполитанците се трети со 36 бода, два помалку од лидерот Милан и еден од Интер.

Уште во седмата минута Руслан Малиновски ги шокира домашните навивачи на стадионот „Диего Марадона“ и со одличен удар го совлада Оспина.

Гостите продолжија да напаѓаат, имаа неколку шанси да го зголемат водството, а казната за промашувањата дојде во 40 минута кога Пјотр Зјелински го измрани резултатот.

На стартот од вториот дел, Наполи дојде до пресврт, во 47 минута Дрис Мертенс му донесе предност на домашниот тим.

Но, тоа не ги обесхрабри гостите кои за само пет минути направија целосен пресврт. Прво во 66 минута Мерих Демирал носи израмнување, за во 71 минута, Ремо Фројлер да погоди за комплетен пресврт.
Македонскиот репрезентативец Елиф елмас ги одигра сите 90 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот