ВИДЕО | Фановите на „Home Alone“ го забележаа клучниот детаљ поради кој Кевин остана сам дома

Фото: Профимедиа

Секоја година, обожавателите на Божиќ го гледаат популарниот празничен филм „Home Alone“ и неговите продолженија. Но, малкумина ја забележале причината зошто родителите го забораваат малиот Кевин пред да заминат на патување.

Неодамна, 32 години по објавувањето на филмот, еден корисник на платформата Тик-ток објави објаснување зошто Кевин останува сам дома, а многумина беа изненадени од тоа бидејќи не го приметиле тој детаљ во филмот.

Имено, таткото на Кевин ја фрла авионската карта на момчето во канта за отпадоци.

„Го имам гледано „Home Alone“ безброј пати и никогаш немав забележано дека таткото му ја фрли авионската карта на Кевин“, искоментирал еден од корисниците на платформата Тик-ток.

Имено, таткото на Кевин собира ѓубре низ куќата и го фрла во канта. Но, по грешка, ја фрла и авионската карта на Кевин. Целото семејство брза да се качи во авионот, а родителите на Кевин, бидејќи ја немаа неговата авионска карта, не сфаќаат дека едно од нивните деца не е со нив.

@cory_4_real #christmas #holidays #homealone #foryou #movies #ohno ♬ Oh No – Kreepa

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот