Фото: instagram/Матеј Гаштаров

ВИДЕО | Еврогол на Гаштаров за младинскиот тим на Црвена звезда

Во рамките од 15 коло во српското младинско првенство, фудбалерите на младинскиот тим на Црвена звезда убедливо на гости со 7:1 триумфираа над Ушче.

Во составот на Црвена звезда беше македонскиот У21 репрезентативец Матеј Гаштаров кој двапати се запиша во листата на стрелците.

Првиот гол беше вистинско ремек дело од околу 20-25 метри, Гаштаров со прекрасен удар ја затресе противничката мрежа за за зголемување на предноста на 2:0 во 18 минута.

Непосредно пред крајот на првото полувреме, Гаштаров, по грешка на домашната одбрана, во шеснаесетникот нашиот млад репрезентативец стрелаше за 5:0 во 42 минута од средбата.

На табелата во првенството водечка е Црвена звезда со 34 бодови, шест повеќе од второпласираниот ТСЦ. Во следното коло белградските „црвено-бели“ на 29 ноември ќе гостуваат кај Вождовац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот