ВИДЕО | Експлозија во Кабул во близина на Министерството за надворешни работи, најмалку двајца мртви

Фото: Твитер

Најмалку две лица загинаа, а 12 се повредени во денешна експлозија во близина на Министерството за надворешни работи на Авганистан, велат од болницата што ја води италијанска невладина организација во Кабул.

„Примивме неколку пациенти“, рече Стефано Соза од италијанската невладина организација Итна помош, која раководи со хируршки центар специјализиран за третман на воени жртви во центарот на Кабул.

Во „твитот“ на невладината организација се наведува дека меѓу повредените има најмалку едно дете. Тој рече дека инцидентот се случил во близина на зградата на Министерството за надворешни работи.

Двајца сведоци изјавија за Ројтерс дека голема експлозија одекнала во близина на добро чуваната област во која се сместени неколку владини згради и странски амбасади. Портпаролите на полицијата, Министерството за информации и Министерството за надворешни работи не одговорија веднаш на барањата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот