ВИДЕО: Дуото Александар и Дац и „Destiny Quartet“ со прекрасна преработка на „Јовано, Јованке“!

Познатата народна песна „Јовано, Јованке“, под продукциската палка на искусните и докажани Маурицио Абени и Марко Страчони од Италија, доживеа нов аранжман.

Безвременската песна, музички ја интерпетираа современиот гудачки состав “Destiny
Quartet“ од Софија, Република Бугарија и Дуото “Александар&Дац“ (омилени на
бугарската публика со песната “Корона Чао”).

Со посебна жар, „Јовано, Јованке“ ја свират прекрасните дами од квартетот „Destiny“ кои,
преку магијата на своите гудала ги повикаа гласовите на популарното дуо
“Александар&Дац“ и заедно создадоа љубовна магија.

Кога е нешто со љубов направено, велат дека е „осудено на успех“. Ако имате и
„Љубовен пасош“ како нашиот, тогаш тоа е „љубов без граници“.

Најновиот „Љубовен пасош“ нé води на релација Скопје ‐ Софија и обратно“, за оваа соработка
коментираа македонските шоумени“. Овој проект не е само обична песна или кавер верзија. Ова е приближување помеѓу.

нашите два народа. Знаејќи дека за музиката, љубовта и убавото не постојат
граници, сигурни сме дека со „Љубовниот пасош” правиме вистински чекор за ширење
бескрајна љубов и позитивна енергија“, изјавија девојките од „Destiny Quartet“.

За овој нов музички аранжман, уметниците снимија и видео запис, реализиран во рамки
на „Музеј на Земјата и луѓето“ во Софија, под искусното режисерско око на Тошко
Чапканов и неговата Екипа.

Во продолжение слушнете ја песната: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот