Фото: Screenshot

ВИДЕО: Драмата во која Србија остана без победа против Фарски Острови

Женската ракометна репрезентација на Србија ремизираше 31-31 со Фарските Острови во Дортмунд, во вториот натпревар од главната рунда на Светското првенство, натпревар кој имаше со вистински трилер во последните секунди.

Србија ја имаше победата на дланка нешто повеќе од десет секунди пред крајот. Јована Јововиќ остана сама пред голот и можеше рутински да ја реши средбата, но наместо тоа одбра да го „краде време“. Судиите веднаш реагираа, ја одзедоа топката, а по преглед на видеото досудија седмерец за Фарските Острови и ја казнија Јововиќ со исклучување. Ривалките не промашија од линијата од седум метри и стигнаа до израмнување за конечни 31-31.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот