ВИДЕО | Драма во Подгорица: Жена со бебе во рацете скокнала од мост

Фото принтскрин јутуб

Подгоричанка скокнала од мост во главниот црногорски град, а во рацете држела машко бебе, за кое црногорските медиуми тврдат дека бил нејзиниот внук. Како што пишува црногорскиот медиум „Новости“, со брза реакција работници од комуналното претпријатие успеале да го спасат бебето од реката Морача.

Двајцата работници вршеле редовни задачи кај мостот кога виделе дека бебето паднало во студената река. Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот.

Детето било без свест, а уште не се знае што се случило со жената. Брзата помош брзо реагирала и го пренела момчето во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот