ВИДЕО | Драма во Мостар, Американец за влакно ја избегна смртта по скок од мостот висок 25 метри

Фото: Твитер/принтскрин

Вистинска драма се одвиваше денеска под прочуениот Стар мост во босанскиот град Мостар, кога еден турист, Американец, скокна од 25 метри високиот мост, по што падна во бессознание и беше спасен само поради херојскиот чин на двајца локалци.

Мостарците Адмир Делиќ Гума и Али Хамза Дураковиќ, кои возат туристи на брод, го спасиле младиот човек кој веќе изгубил свест, по погрешно изведениот скок во студените води на реката Неретва.

Двајцата локални жители биле заедно под Стариот мост и како што раскажува Дураковиќ, штом го виделе Американецот како скока, знаеле дека нема да исплива.

На социјалните мрежи се појави снимка од скокот, кој за малку ќе беше трагичен. Видеото, на кое се гледа и драматичното спасување на американскиот турист, може да биде вознемирувачко за дел од публиката.

„Кога скокна, летна напред и удри со стомакот во водата, па така се издиша и веднаш потона. Го баравме со чамец, но Неретва го однесе неколку стотини метри и непосредно пред Лучкиот мост ја видовме неговата рака и траката на неговата нога која беше флуоресцентна. Ние двајца успеавме да го извадиме од водата и бидејќи беше во несвест и голтна вода, моравме да го реанимираме“, изјави Дураковиќ за Klix.ba.

Потоа пристигнала Итната помош, која несреќниот млад човек го однела во болницата во Мостар за да можат лекарите да го згрижат. За среќа, бевме тука и сѐ се заврши добро, вели храбриот мостарски скокач Адмир Делиќ Гума.

Стариот мост во Мостар бил изграден во 16-от век, но тој во 1993 година беше целосно уништен од хрватските сили во војната во БиХ. Сегашниот мост е изграден во 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот