Мирослав Драганов / Утрински брифинг
Мирослав Драганов / Утрински брифинг

ВИДЕО | Драганов: Младите сакаат иднина со визија

-Целата оваа заедница е под менторство на форумот во Давос за општествени и економски промени кој еднаш годишно се одржува во Швајцарија. Ние мораме да имаме репрезентативност на младите во светот. Во ова друштво членуваат лица од сите професии и лица кои нешто што правеле или што нешто ќе прават. Што пошаренолико, што повеќе професии, што повеќе идеи тоа подобро, вели Мирослав Драганов.

-Бевме инспирирани од две страни, да гледаме напред како се менува светот, а другата е да не продолжиме и понатаму да бидеме брод без компас.

-Ние изнедруваме проекти кои во иднина би можело да бидат реализирани. За нас предизвикувачки беа проектите водич за визии, водач за промени, и многу други долгорочни замисли како сајбер безбедност, сајбер напредок.

-Ние навлегуваме визионерски, што сакаме да видиме во иднина па оставаме на политичарите да ги спроведуваат и да изнајдат начин како ќе го направат тоа. Ние се фокусираме на влијанието, инпактот. Инпакт е долгорочно, а влијание е што одреден настан влијаел на мене и ме насочил како да размислувам во одредена област.

-Суштината на овие долгорочни проекти е да визираат иднина. Сега сме глобално село зависиме секој од секого и затоа овие документи треба да дадат некој правец, насока каде би требало да се двичиме наредните години, и да бидат одраз на она што е долгорочно замислено, вели за Утрински брифинг Мирослав Драганов член на Советот за влијание на „Глобал шејперс“.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот