ВИДЕО: Дибиров и екс голман на Вардар во тимот на колото во ЛШ

Тимур Дибиров е најдобар стрелец на Вардар во Лигата на шампионите/фото: Слободен печат/Драган Митрески

ЕХФТв го избра и тимот на колото, најдобрите седум играчи кои покажаа одлични перформанси во шестата рунда од групната фаза во Лигата на шампионите.

За најдобро лево крило е прогласен Тимур Дибиров, Русинот во поразот на Вардар 1961 против Кил беше најефикасен во редовите на „црвено-црните“ со 10 голови.

На позицијата најдобар голман се наоѓа поранешниот член на Вардар, Алжирецот Калифа Гедбане кој со своите одбрани имаше значителен придонес во големиот триумф на Динамо Букурешт дома против Веспрем.

Најдобар лев бек на колото е Иван Слишковиќ (Порто), среден бек Тобиас Грондал (Елверум), десен бек Теитур Орн Еинарсон (Флензбург), десно крило Алеиш Гомез (Барса) и пивот Владимир Врањеш (Мешков Брест).

Видео записот со најдобрите седум играчи на колото во ЛШ можете да го погледнете на линкот ТУКА

ВИДЕО: Митревски ја има најдобрата одбрана на колото во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот