ВИДЕО: Митревски ја има најдобрата одбрана на колото во Лигата на шампионите

Никола Митревски, голманот на македонската ракометна репрезентација/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Заврши и шестото коло во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите, составот на Порто ремизираше 33:33 на домашен терен против Барселона.

Португалците пропуштија одлична шанса пред своите навивачи да стигнат до голема победа над каталонскиот гигант, откако имаше неколку пати од седум голови разлика во текот на второто полувреме.

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски немаше голема минутажа, забележа две одбрани на дуелот против Шпанците.

Но, затоа една од тие интервенции на нашиот чувар на мрежата се најде во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Митревски ја има најдобрата одбрана на колото во ЛШ, а зад него на оваа листа се Калифа Гедбане (Динамо Букурешт), Никлас Ландин (Кил), Винсен Жерар (ПСЖ) и Роланд Миклер (Пик Сегед). Најдобрите пет одбрани на колото можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот